Десетте парадоксални заповеди
од д-р Кент М. Кит
Луѓето се непресметливи, неразумни
и мислат само на себе.
И покрај тоа - сакај ги.
Ако сториш добро, луѓето ќе помислат,
дека тоа го правиш заради сопствени интереси.
И покрај тоа - прави добро.
Ако си успешен, ќе си создадеш
лажни пријатели и вистински непријатели.
И покрај тоа – биди успешен.
Ако денес сториш добро, тоа веќе утре
ќе биде заборавено.
И покрај тоа – прави добро.
Отвореноста и искреноста Те прават повредлив.
И покрај тоа – биди отворен и искрен.
Најголемите планови на најголемите луѓе можат
да бидат уништени од најмалите луѓе и од луѓе со
најмалку памет.
И покрај тоа - создавај големи планови.
Луѓето симпатизираат со губитници,
но ги следат само победниците.
И покрај тоа – бори се за губитниците.
Нештата, кои си ги градел со години,
можат преку ноќ да бидат уништени.
И покрај тоа – продолжи да градиш.
На некои луѓе им е итно потребна Твојата помош,
а Те напаѓаат штом ќе ја добијат од тебе.
И покрај тоа - помагај им.
Давај му го на светот најдоброто од себе, а за возврат ќе добиеш неблагодарност.
И покрај тоа - давај му го на светот најдоброто од себе.
Vielen Dank für diese Übersetzung an:
Übersetzungsdienst Hoffmann